Вардар ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната, во кој клубот го очекуваат настапи во Супер лигата и во Лигата на Европа.
Под водство на тренерот Иван Чупиќ, црвено-црните го одржаа првиот тренинг во Скопје, со кој официјално беше означен стартот на подготвителниот период. Во овој дел од сезоната, Вардар привремено е без неколку ракометари кои се со своите репрезентации на меѓународни натпреварувања.
Десниот бек Урош Митровик настапува за Србија на Европското првенство, додека голманот Милош Валах, пивотот Виктор Јанковски и десниот бек Марек Марчињак се дел од полската селекција. Средниот бек Николас Боно настапува за Аргентина на првенството на Средна и Јужна Америка.
Вардар ќе ги реализира подготовките во Скопје, а кон крајот на месецот, на 30 и 31 јануари, тимот ќе настапи на силен меѓународен турнир во хрватскиот град Лабин, каде ќе игра против словенечкиот Слован Љубљана, како и против хрватските екипи Сесвете и Загреб.


(фото – Рк Вардар 1961)📷








