Ракометарките на Вардар славеа на гостувањето кај ракометарките на Астибо со конечни 43-31 во Женската Супер лига.
Иако на полувреме Вардар водеше со 18-16, сепак во второто полувреме со добра игра стигна до голема предност и забележа победа против Астибо.
Најефикасна во редовите на Вардар беше Ања Лашкоска со осум гола, додека кај Астибо најефикасна беше Марија Анчева со 12 гола.
(фото – ЖРК Вардар)📷








