Ракометарките на Вардар забележаа победа против тимот на Пелистер со резултат од 38-20 во Женската Супер лига.
Вардар од почетокот на натпреварот направи високо водство, па на пауза замина со резултат 20-7.
Најефикасни во тимот на Вардар беа Симона Василева и Дона Тодоровска со по шест гола, додека кај екипата на Пелистер најефикасна беше Кристина Наумовска со по десет гола.
(фото – ЖРК Вардар)📷