Екипата на Вардар забележа победа против екипата на Металург Автокоманда со резултат 30-23 во Женската Супер лига.
Тимот на Вардар уште на полувреме имаше водство од 17-11. Во второто полувреме екипата на Вардар продолжи со водството, па на крај триумфираше против Металург Автокоманда.
Најефикасна во редовите на Вардар беше Ивона Трпевска со седум гола, додека кај екипата на Металург Автокоманда најефикасна беше Теодора Гулицоска со осум гола.
(фото – ЖРК Вардар)📷