Сениорската екипа на Вардар успеа да излезе како победник на контролниот натпревар со репрезентацијата на Велика Британија.
Натпреварот кој вчера се одигра во СЦ.Јане Сандански заврши во корист на вардарки со резултат 29:25.
Најефикасни во составот на Вардар беа Ивона Трпевска со 8 гола и Дона Тодоровска со 6. Тамара Ивановска и Симона Василева имаа по 5 погодоци. На голот, Вероника Ѓорѓиевска запиша 14 одбрани и постигна еден гол.
(фото – ЖРК Вардар)📷