Екипата на Вардар забележа победа против екипата на Еурофарм Пелистер 2 со конечни 27-22 во Купот на Македонија и се пласираше на Ф4 турнирот.
Иако тимот на Еурофарм Пелистер 2 парираше во текот на целиот натпревар, сепак тимот на Вардар не дозволи изненадување и обезбеди пласман на завршниот турнир во Купот на Македонија.
Најефикасен во редовите на Вардар беше Урош Митровиќ со шест гола, додека кај Еурофарм Пелистер 2 најефикасен беше Александар Славков со девет гола.
(фото – Рк Вардар 1961)📷








