Вардар триумфираше против Спартак

Екипата на Вардар забележа победа против екипата на Спартак со конечен резултат од 45-36 во натпревар од Женската Супер лига.

Вардар уште на полувреме имаше предност од 23-18. Во второто полувреме продолжи да ја зголемува предноста, па на крај да слави против Спартак.

Најефикасна во редовите на Вардар беше Ивона Трпевска со девет гола, додека кај екипата на Спартак најефикасна беше Михаела Ангеловска исто така со девет гола.

(фото – ЖРК Вардар)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.