Ракометарките на Вардар забележаа убедлива победа против ракометарките на Астибо со високи 43-21 во плеј-офот од Женската Супер лига.
Тимот на Вардар победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме имаше високи 20-9.
Најефикасна во редовите на Вардар беше Сара Богојеска со седум гола, додека кај Астибо најефикасна беше Елена Вучевска со десет гола.
(фото – ЖРК Вардар)📷