Екипата на Вардар забележа лесна и убедлива победа против екипата на Бутел Скопје со конечни 42-27 во плеј-офот од Супер лигата.
Составот на Вардар во текот на целиот натпревар имаше контрола на играта, па на крај да слави висока победа против Бутел Скопје.
Најефикасен во редовите на Вардар беше Јака Малус со осум гола, додека кај Бутел Скопје најефикасен беше Дејан Михајловиќ исто така со осум гола.
(фото – Рк Вардар 1961)📷








