Екипата на Вардар забележа висока победа против екипата на Прилеп со убедливи 39-22 во Супер лигата.
Составот на Вардар уште на полувремето имаше високо водство од 19-9, па така до крај го надигра тимот на Прилеп.
Најефикасни во редовите на Вардар беа Кристијан Атанасовски и Харуки Кавада со по пет гола, додека кај Прилеп најефикасен беше Димитар Димитриоски со седум гола.
(фото – Рк Вардар 1961)📷








