Ракометарите на Вардар запишаа нови три бода во Суперлигата, откако на гостински терен ја совладаа екипата на Струга со конечни 37-28.
Вардар добро го отвори натпреварот против Струга. На полувреме гостите имаа водство од 18-15. Во вториот дел Струга изедначи на 20-20, а тренерот Веселин Вујовиќ мораше да смени во играта на Вардар, за на крај вардарци да издвојуваат победа на гостувањето во Струга.
Најефикасен во составот на Вардар беше Патрик Валчак со седум погодоци, додека во екипата на Струга најефикасен беше Жарко Барјактаревиќ со девет погодоци.
Рк Струга 28-37 Рк Вардар 1961
(фото-Вардарфанс)📷