Екипата на Вардар ја забележа првата победа во 2022 година, откако денеска на домашен терен убедливо ја совлада екипата на Тинекс Пролет со 34-22 во натпревар од 18. коло од Супер лигата.
Екипата на Вардар го имаше водството цело прво полувреме и на пауза замина со предност од 15-12. Во вториот дел вардарци направија голема разлика за на крај да слават победа во Супер лигата.
Најефикасен во составот на Вардар 1961 беше Јоел Куни Моралес со пет погодоци, додека кај екипата на Тинекс Пролет најефикасен беше Михаил Аларов исто така со пет погодоци.
(фото-Денис Дуковски/Рк Вардар 1961)📷