Ракометарките на Вардар забележаа висока победа против ракометарките на Шампион со убедливи 58-14.
Екипата на Вардар победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме имаше високо водство од 29-3.
Најефикасна во редовите на Вардар беше Леона Миленкоска со 12 гола, додека кај Шампион најефикасна беше Марија Бојковска со 5 гола.
(фото – ЖРК Вардар)📷