На Ф4 турнирот од Купот на Македонија пласман обезбедија екипите Вардар, Ѓорче Петров и Чаир.
Екипата на Вардар ја совлада Деспина со 30-21. Најефикасни во редовите на Вардар беа Борјана Коцева и Ивона Трпевска со по седум гола, додека кај Деспина најефикасна беше Мери Гичева со шест гола.
Ракометарките на Ѓорче Петров триумфираа против Пелистер со високи 47-26. Најфикасна во редовите на Ѓорче Петров беше Талида Алмеида со девет гола, додека кај Пелистер најефикасна беше Сара Рујановска со седум гола.
Чаир лесно се справи со Овче Поле Славјански Универзитет, откако славеше победа со 46-29. Најефикасна кај Чаир беше Бојана Диневска со десет погодоци, додека кај Овче Поле Славјански Универзитет најефикасна беше Јована Конева со 13 погодоци.
(фото – ЖРК Вардар)📷