Вардар ја оправда фаворитската улога против Струга

Екипата на Вардар 1961 забележа лесна и убедлива победа против екипата на Струга со конечни 35-22 во натпревар од Супер лигата.

Вардар од почетокот на натпреварот имаше водство и на полувреме замина со предност од 20-8. Во вториот дел продолжи добрата игра на Вардар за на крај да забележи убедлива победа против Струга.

Најефикасен во екипата на Вардар 1961 беше Тимур Дибиров со седум погодоци, додека кај екипата на Струга најефикасен беше Жарко Барјактаревиќ исто така со седум погодоци.

(фото-Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести