Ракометарките на Вардар остварија лесна и убедлива победа против тимот на Спартак со високи 41-18 во Женската Супер лига.
Тимот на Вардар победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме имаше високи 22-12.
Најефикасна во тимот на Вардар беше Леона Миленковска со осум гола, додека кај Спартак најефикасни беа Ангела Гроздановска и Зорица Андовска со по шест гола.
(фото – ЖРК Вардар)📷