Сениорскиот тим на Вардар во продолжението од сезоната ќе има нов тренер и асистент тренер во Женската Супер лига.
Од клубот на социјалните мрежи соопштија дека прекината е соработката со тренерот Анжела Платон и асистент тренерот Александар Кузмановска.
За нов тренер е назначена Даниела Новеска Вељаноска, која ги предводи кадетките и пионерките на Вардар.

(фото – ЖРК Вардар)📷








