Вардар 1961 во групната фаза од Лигата на Европа во новата сезона

Во новата сезона Вардар 1961 ќе настапува во европските купови, и тоа во групната фаза од Лига Европа. Откако лани игравше квалификации, сега дојде до директно учество во ова натпреварување.

Вардарци се единствениот клуб од Македонија што ќе играат во ова европско натпреварување.

На ждрепката што е закажана за 19 јули, Вардар 1961 се наоѓа во вториот барабан, заедно со уште седум други екипи.

Според пропозициите ќе има 8 групи по четири екипи, и во периодот од почетокот октомври до крајот на ноември екипата ќе одигра шест силни натпревари.

Според ранкингот објавен од ЕХФ, во истаиот барабан заедно со Вардар се уште и екипите на Горник (Полска), Констанца (Романија), Горење (Словенија), Татабања (Унгарија), Хафнарфјордур (Исланд), Татран (Словачка) и Кил (Германија). Тие екипи не можат да ни бидат ривали.

(фото – Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести