Вардар 1961 го победи Тиквеш и стана шампион на Македонија

Екипата на Вардар 1961 славеше против Тиквеш со 37-25 во последниот натпревар на кој му требаше победа за да стани шампион на Македонија и тоа го исполни.

Од почетокот на натпрварот Вардар 1961 имаше водство, па на полувреме замина со предност од 18-10. Во второто полувреме Вардар 1961 ја завери победата против Тиквеш.

Најефикасен во екипата на Вардар 1961 беше Тимур Дибиров со десет погодоци, додека кај екипата на Тиквеш најефикасен беше Страхиња Симиќ со седум погодоци.

За екипата на Вардар 1961 оваа е седма титула во првенството и вкупно 15. титула во клупската историја.

(фото-Денис Дуковски/Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести