Ракометарите на Вардар 1961 забележаа победа на гостувањето кај екипата на Бутел Скопје со конечни 30-24 во натпревар од плеј-офот во Супер лигата.
Вардар 1961 во текот на целиот натпревар беше во водство. На пауза вардарци имаа предност од 18-14. Во второто полувреме Вардар 1961 ја завери победата против Бутел Скопје.
Најефикасни во тимот на Вардар 1961 беа Гоце Георгиевски и Филип Талески со по пет гола, додека кај екипата на Бутел Скопје најефикасен беше Јовица Младеновски со седум гола.
(фото – Рк Вардар 1961)📷