Екипата на Вардар 1961 продолжува со победите во Супер лигата, откако на домашен терен го совлада тимот на Вардар Неготино со убедливи 35-19.
Вардар од почетокот на натпреварот немаше мака околу победата против Вардар Неготино затоа што во текот на целиот натпревар имаше високо водство.
Најефикасни во тимот на Вардар 1961 беа Ален Ќосевски и Матија Николиќ со по шест гола, додека кај екипата на Вардар Неготино најефикасен беше Лазар Адамовиќ со девет гола.

(фото – Рк Вардар 1961)📷