Екипата на Вардар 1961 забележа убедлива победа против тимот на Охрид со високи 35-19 во натпревар од 9. коло во плеј-офот од Супер лига.
Тимот на Вардар 1961 на пауза имаше предност од 14-8, додека второто полувреме беше само формалност вардарци да ја заверат победата, затоа што на овој натпревар екипата на Охрид настапи со младинскиот тим и неколку поискусни играчи.
Најефикасен во тимот на Вардар 1961 беше Марио Стојановски со шест гола, додека кај екипата на Охрид најефикасен беше Никола Ристески со девет гола.
(фото – Рк Вардар 1961)📷