Екипата на Вардар 1961 забележа победа во дерби натпреварот против Алкалоид со 27-23 во плеј-офот од Супер лигата.
Тимот на Вардар 1961 победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме имаше предност од 16-8.
Најефикасен во тимот на Вардар 1961 беше Марко Срдановиќ со седум гола, додека кај Алкалоид најефикасен беше Мартин Серафимов со осум гола.

(фото – Рк Вардар 1961)📷