Екипата на Вардар 1961 го совлада тимот на Еурофарм Пелистер со минимални 26-25, и го освои Купот на Македонија.
Најефикасни во тимот на Вардар 1961 беа Моралес и Фереира со по седум гола, додека кај екипата на Еурофарм Пелистер најефикасни беа Хосни и Суси со по пет гола.
За МВП или најкорисен играч прогласен беше Леонардо Дутра Фереира, додека најдобар стрелец беше Дејан Манасков, а најдобар голман беше Борко Ристовски сите од екипата на Вардар 1961.

(фото – Рк Вардар 1961)📷