Екипата на Вардар 1961, по три години го освои Супер Купот на Македонија, откако во финалето го совлада Еурофарм Пелистер со резултат 30-26.
За тимот на Вардар 1961 овој е четврт трофеј во Супер Купот. Иако на пауза беше 13-13, сепак во второто полувреме Вардар 1961 беше подобар противник.
Најефикасен во тимот на Вардар 1961 беше Марко Срдановиќ со осум гола, додека кај екипата на Еурофарм Пелистер најефикасен беше Богдан Радивојевиќ со седум гола.
(фото – РФМ)📷