Екипата на Вардар 1961 забележа победа против екипата на Еурофарм Пелистер со конечен резултат од 24-20 во плеј-офот од Супер лигата, и останува во игра за титулата.
Вардарци и на полувреме имаа водство од 12-11. Во второто полувреме Еурофарм Пелистер парираше, но сепак на крај бодовите останаа за Вардар 1961.
Најефикасен во редовите на Вардар 1961 беше Косуке Јасухира со шест гола, додека кај Еурофарм Пелистер најефикасен беше Нејц Цехте исто така со шест гола.
(фото – Рк Вардар 1961)📷