Екипата на Вардар 1961 го совлада тимот на Татран Прешов со резултат 29-24 во натпревар од СЕХА лигата.
Македонскиот тим добро го започна натпреварот, па на полувреме обезбеди предност од 15-10. Во второто полувреме екипата на Вардар 1961 продолжи со добрата игра, за на крај да го совлада Татран Прешов.
Најефикасен кај екипата на Вардар 1961 беше Чувара со пет гола, додека кај тимот на Татран Прешов најефикасен беше Рабек со десет гола.
(фото – Денис Дуковски/Рк Вардар 1961)📷