Вардар 1961 загуби од Татран Прешов во СЕХА

Екипата на Вардар 1961 загуби на гостувањето кај екипата на Татран Прешов со конечни 27-23 во СЕХА лигата.

Татран Прешов го презеде водството, па на пауза замина со предност од 14-11. Во второто полувреме Вардар 1961 немаше сили за да се врати, и мораше да се задоволи со пораз од Татран Прешов.

Најефикасен во тимот на Вардар 1961 беше Филип Талески со осум гола, додека кај екипата на Татран Прешов најефикасен беше Рабек со десет гола.

(фото – Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.