Вардар 1961 има нов спонзор, компанијата Бествеј Солушнс 

Повеќекратниот македонски ракометен првак Вардар 1961 веќе почна да ја добива поддршката од бизнис заедницата во Македонија, и со задоволство од клубот потврдија дека компанијата Бествеј Солушнс ќе биде дел од спонзорскиот тим на „црвено-црните“ во иднина.

Со тоа почнува најавениот процес на финансиска стабилизација на тимот и создавање на спонзорски тим кој во иднина треба да му помогне на Вардар 1961 да се врати на врвот, во Македонија и во Европа.

Бествеј Солушнс е партнер од доверба на водечка светска платформа за iGaming. Како нивен надворешен соработник, нуди беспрекорен микс на експертиза, иновации и силна поддршка. Заедно ги редефинираат границите на успехот на динамичната iGaming индустрија.

Нивниот тим на високо обучени професионалци има богато знаење и искуство во корисничка поддршка, техничка поддршка и комплексноста на оваа индустрија, што им овозможува да постигнуваат извондредни резултати за клиентите и успешно да се справат со сите предизвици кои ги носи индустријата.

„Благодарност до Бествеј Солушнс што ќе биде наш партнер во иднина и го препозна она што во клубот го правиме за враќање на Вардар на патот на успехот. Промените што почнаа во Вардар, и играчки и организациски, сега ги прошируваме и на другите полиња. Сигурен сум дека нашиот спонзорски тим што веќе почнавме да го создаваме ќе ни овозможи не само нормално функционирање, туку и исполнување на плановите во иднина. А тие се враќање на трофеите, враќање во европскиот ракометен крем и создавање на нови играчи. Секој почеток е тежок, но ќе ни биде многу полесно со поддршката што ја имаме од Бествеј Солушнс, и од другите спонзори што ќе додат во семејството на Вардар”, – изјави Борко Ристовски, извршниот директор на „црвено-црните“.

(фото – Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести