Екипата на Вардар 1961 забележа лесна и убедлива победа против тимот на Струга со конечен резултат од 36-15 во плеј-офот од Супер лигата.
Тимот на Вардар 1961 од почетокот на натпреварот го презеде водството, па така доминираше на теренот до крајот на натпреварот.
Најефикасни кај екипата на Вардар 1961 беа Немања Гојковиќ и Марио Стојановски со по пет гола, додека кај Струга најефикасен беше Мерис Бошњак со седум гола.
(фото – Рк Вардар 1961) 📷