Екипата на Вардар 1961 продолжува со победите во плеј-офот во Супер лигата, откако на домашен терен славеше висока победа против Тиквеш со 35-25.
На пауза беше нерешно со 15-15. Во второто полувреме вардарци имаа контрола на резултатот, па на крај да слават висока победа против Тиквеш.
Најефикасни во тимот на Вардар 1961 беа Јан Чувара, Гоце Георгиевски и Дејан Манасков со по шест гола, додека кај екипата на Тиквеш најефикасни беа Хамзиќ и Петровиќ со по пет гола.
(фото – Денис Дуковски/Рк Вардар 1961) 📷