Вардар 1961 подобар од Бутел Скопје во заостанат натпревар од 9. коло во Супер лигата

Вардар 1961 забележа победа на домашен терен против екипата на Бутел Скопје со 26-20 во заостанат натпревар од 9. коло од Супер лигата.

Тимот на Вардар 1961 од почетокот на натпреварот имаше контрола на резултатот, па до крајот на натпреварот ја сочува предноста.

Најефикасен во тимот на Вардар 1961 беше Марко Срдановиќ со шест гола, додека кај екипата на Бутел Скопје најефикасен беше Бојан Спасовски со шест гола.

(фото – Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.