Вардар 1961 подобар од Еурофарм Пелистер во дербито од Супер лигата

Екипата на Вардар 1961 забележа победа во дерби натпреварот против Еурофарм Пелистер со резултат 30-25.

Тимот на Вардар 1961 од почетокот на натпреварот го презеде водството, па на пауза замина со предност од 15-12. Во второто полувреме Вардар 1961 продолжи со добрата игра, па на крај да слави против Еурофарм Пелистер.

Најефикасни во тимот на Вардар 1961 беа Косуке Јасухира и Марко Срдановиќ со по шест гола, додека во тимот на Еурофарм Пелистер најефикасен беше Урош Борзаш исто така со шест гола.

(фото – Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.