Вардар 1961 потпиша соработка со екипа од Босна и Херцеговина

Македонскиот тим Вардар 1961 потпиша соработка со екипата на Челик од Зеница (Босна и Херцеговина).

Двата клуба потпишаа договор за соработка, која ќе се одвива преку професионална, тренерска, организациска, техничка, играчка и друга соработка помеѓу двата клуба.

“Со задоволство го потпишувам договорот за соработка со претседателот на Рк Челик, Пане Шкрбиќ, кој исклучително го ценам. Рк Вардар, како еден од најдобрите 10 европски ракометни клубови, кој двапати бил европски шампион, ќе ги стави на располагање своите ресурси, особено стручна и секоја друга помош и поддршка за Рк Челик”, – изјави претседателот на Рк Вардар 1961, Михајло Михајловски.

(фото – Рк Челик)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести