Иако сезоната е во тек, и Вардар е лидер во својата група во првиот дел од сезоната, клубот веќе работи на засилувања за следната сезона.
“Црвено-црните” планираат да имаат тим составен од повеќе македонски репрезентативци и квалитетни странски засилувања со кои ќе може да бидат конкурентен тим на меѓународна сцена.
Првите две засилувања за „црвено-црните” кои потпишаа на две сезони со можност за продолжување се стандарниот репрезентативец Томислав Јагуриновски, и Михаил Аларов кој е на поширокиот список на репрезентацијата.
Јауриновски по две сезони повторно ќе биде дел од Вардар, и тој е дете кое потенува од школата на клубот. По една полусезона мината на Исланд се врати во Македонија, а од следната сезона пак ќе биде дел од Вардар. Игра на позиција на десен бек, а по потреба може и да игра како десно крило.
Михаил Аларов доаѓа од екипата на Пролет и важи за еден од перспективните пивотмени во првенството.

(фото – Рк Вардар 1961)📷