Пополнувајќи ги дефицитарните места во тимот со соодветни засилувања, повеќекратниот македонски првак Вардар 1961 ангажираше нов играч, на позицијата десен бек.
Веќе неколку денови во Скопје е Мохамед Тарик Бакар (23) кој тренира со екипата и заедно со кондициониот тренер Тони Богдановски со цел да биде подобро подготвен за пролетниот дел од сезоната. Новиот играч потпиша договор за следните 1,5 сезона, и во Вардар треба да остане во јуни 2025 година.
Мохамед Тарик Бакар има играно за сите младински селекции на Тунис, а во моментов се наоѓа и на поширокиот список на сениорскиот репрезентативен тим.
Пет сезони игра во сениорската лига на Тунис, и има настапувано за екипите на Клуб Африкан, Олимпик Солиман и Ксур Есеф каде настапуваше претходната сезона.

(фото – Рк Вардар 1961)📷