Ракометарите на Вардар 1961 забележаа победа против екипата на Алкалоид со резултат 31-22, и се пласираа во финалето од Купот на Македонија.
Тимот на Вардар 1961 од почетокот на натпреварот направи водство, па на пауза замина со предност од 14-9.
Во второто полувреме екипата на Вардар 1961 продолжи со добрата игра, па на крај да триумфира против Алкалоид.
Најефикасен во тимот на Вардар 1961 беше Дејан Манасков со 12 гола, додека кај екипата на Алкалоид најефикасен беше Мартин Серафимов со 6 гола.
(фото – Рк Вардар 1961)📷