Составот на Вардар 1961 забележа сигурна победа против Охрид со конечни 38-30 во натпревар од Купот на Македонија.
Вардарци добро го започнаа натпреварот, па до полувреме имаа предност од 20-18. Во второто полувреме Вардар 1961 со добра одбрана и добар напад успеа да слави против Охрид.
Најефикасен во тимот на Вардар 1961 беше Филип Талески со 11 погодоци, додека кај екипата на Охрид најефикасен беше Деан Шешиќ со 7 погодоци.
(фото – Рк Вардар 1961)📷