Вардар 1961 славеше против Бутел Скопје

Екипата на Вардар 1961 забележа победа против екипата на Бутел Скопје со резултат 30-22 во плеј-офот од Супер лигата.

Тимот на Вардар 1961 и на полувреме имаше предност од 16-11. Во второто полувреме Вардар 1961 продолжи со добрата игра, па на крај да слави против Бутел Скопје.

Најефикасен во редовите на Вардар 1961 беше Хансер Родригез со девет гола, додека кај Бутел Скопје најефикасен беше Филип Николов со осум гола.

(фото – Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.