Вардар 1961 со нов ракометар, потпиша Хансер Микел Родригез од Куба

Засилувањето на тимот на Вардар продолжи со ангажирањето на 21-годишниот кубански ракометар Хансер Микел Родригез.

Тој го стави потписот на договорот со најтрофејниот машки македонски ракометен тим, и во следните две сезони ќе биде дел од екипата. Хансер Родригез е вториот Кубанец што ќе игра во Вардар.

Родригез беше прогласен за МВП, односно најкорисен играч на последниот шампионат во април за земји во развој, каде Куба стана првак. Родригез беше петти стрелец на шампионатот и успеа да постигне 27 погодоци, од 34 удари, и имаше одлична реализација од 80 отсто.

Иако е млад, тој веќе неколку години игра во Европа и на 18 години од Куба се пресели во Португалија, каде играше за Спортинг Лисабон. Со тој тим дебитираше и во Лигата на Европа, а потоа беше дел од составите на Портимоненсе и на Брага.

За првиот и вториот тим на Спортинг има одиграно 27 натпревари и постигна 63 погодоци, додека за Брага минатата сезона на 28 меча да де 86 гола. Родригез важи за ол-раунд играч, кој покрај тоа што игра на позицјата лев бек, исто тако може да игра и како лево крило и среден бек.

(фото – Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести