Екипата на Вардар 1961 забележа победа против тимот на Бутел Скопје со резултат 24-21, во натпревар од 2. коло од Супер лигата.
Вардар 1961 добро го започна натпреварот, и на пауза имаше предност од 10-8. Во второто полувреме Бутел Скопје имаше свои шанси но не ги искористи, и мораше да се задоволи со пораз.
Најефикасен во составот на Вардар 1961 беше Срдановиќ со осум погодоци, додека кај екипата на Бутел Скопје најефикасен беше Јефтиќ со шест погодоци.

(фото – Рк Вардар 1961)📷