Вардар 1961 триумфално против Охрид

Екипата на Вардар 1961 запиша нова победа во Супер лигата, откако на домашен терен ја совлада екипата на Охрид со 32-25.

Вардарци на полувреме имаа контрола на резултатот и предност од 19-14. Во второто полувреме вардарци продолжија со добрата игра, па да триумфираат против Охрид.

Најефикасен кај екипата на Вардар 1961 беше Дејан Манасков со осум гола, додека кај екипата на Охрид најефикасен беше Владимир Бојаниќ исто така со осум гола.

(фото – Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.