Екипата на Вардар 1961 забележа победа на гостувањето кај екипата на Тинекс Пролет со резултат 25-18 во натпревар од 8. коло во плеј-офот од Супер лигата.
Натпреварот тргна со водство на Вардар 1961, па на полувреме вардарци имаа предност од 16-7. Во второто полувреме Вардар 1961 ја зголемуваше предноста, па на крај да се радува на победа против Тинекс Пролет.
Најефикасен во редовите на Вардар 1961 беше Јан Чувара со осум гола, додека кај екипата на Тинекс Пролет најефикасен беше Михаел Тотиќ со четири гола.
(фото – Рк Тинекс Пролет)📷