Екипата на Вардар 1961 забележа убедлива победа против тимот на Бутел Скопје со резултат 36-18 во натпревар од плеј-офот во Супер лигата.
Вардар 1961 од почетокот на натпреварот го презеде водството, па така немаше проблеми околу победата против тимот на Бутел Скопје.
Најефикасен кај екипата на Вардар 1961 беше Дејан Манасков со 11 гола, додека кај екипата на Бутел Скопје најефикасен беше Владимир Јевтиќ со 5 гола.
(фото – Рк Вардар 1961)📷