Екипата на Вајперс Кристиансанд го совлада Ѓер со 33-31 и ја одбрани титулата во Лигата на шампионите.
Вајперс Кристиансанд добро го започна натпреварот и на пауза имаше предност од 15-13. Во второто полувреме Вајперс Кристиансанд продолжи со добрата игра за на крај да слави против Ѓер.
Најефикасна во тимот на Вајперс Кристиансанд беше Маркета Јерабкова со седум погодоци, додека кај екипата на Ѓер најефикасна беше Ане Мете Хансен со шест погодоци.
(фото-ЕХФ)📷