venio losert

Венио Лосерт е нов тренер на голманите на Вардар!

Екипата на Вардар 1961 се засили со нов член во стручниот штаб.

Членот на златната генерација на хрватската ракометна репрезентација, Венио Лосерт кој има 45 години, во иднина ќе биде нов член на стручниот штаб на Вардар 1961. Тој ќе биде задолжен за работата со голманите. Доаѓа на местото на Александар Рогановиќ кој заминува поради здравствени проблеми.

Венио Лосерт во моментов работи како тренер на голманите во репрезентацијата на Египет. Со оглед на тоа што Африканското првенство е закажано за подоцна, Лосерт доби дозвола од Египет да може во овој период да работи со клубот, и ќе му се приклучи на Давид Дејвис.

„Доаѓам во Вардар и секако дека тоа е еден нов предизвик за мене. Кога работиш со клуб треба да се грижиш голманите да бидат постојано во форма и да нема осцилации. Со репрезентација се работи за одржување и подобрување на формата за пократок период. Кога Дејвис се договори со Вардар ме праша дали сум заинтересиран да му помогнам. Од Египет дозволија, и ете сум во Вардар. Го следев Вардар во ЛШ, и можам да кажам дека има добри и квалитетни голмани. Ќе се обидам да помогнам, да бидат уште подобри и поконстантни. Верувам ќе имаме добри резултати – изјави Венио Лосерт.

Тој беше поранешен голман на Бадел Загреб, Барселона, Кретеј, Адемар Леон, Монпелје, за репрезентацијата на Хрватска бранеше од 1995 до 2014 година.

(фото – Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести