Веселин Вујовиќ претставен за селектор на Иран

Поранешниот тренер на Вардар и селектор на Македонија, Веселин Вујовиќ ја почна новата мисија во тренерската кариера.

Веселин Вујовиќ и официјално беше претставен на прес конференција во градот Техеран, за нов селектор на репрезентацијата на Иран.

„Јас присуствував на натпреварите во иранската лига во Исфахан и морам да кажам дека земјата има добри инфраструктурни капацитети. Го познавам иранскиот ракомет. Откако пристигнав во Иран, дознав колку луѓето се гостопримливи. Многу брзо ќе започнеме со тренинзите“, – изјави Веселин Вујовиќ.

(фото-Ракометна Федерација на Иран)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.