Екипата на Веспрем каде настапува македонскиот ракометар Дејан Манасков забележа победа во унгарскиот шампионат против екипата на НЕКА со 24-33.
Интересно беше што екипата на НЕКА имаше водство на полувремето со минимални 17-16, но во второто полувреме екипата на Веспрем успеа да се врати за победа против НЕКА. На овој натпревар Дејан Манасков имаше пет погодоци.
(фото-Инстаграм/Дејан Манасков)📷