Унгарскиот тим Веспрем потпиша договор со репрезентативец на Исланд кој игра на позицијата лево крило.
Станува збор за Бјарки Мар Елисон, кој со екипата на Веспрем потпиша договор на две сезони до 2024 година. Тој претходно настапуваше за Фуксе Берлин, Лемго, а настапува и за репрезентацијата на Исланд.
“Веспрем е еден од најголемите клубови во светот, реков да веднаш штом слушнав за можноста,” – изјави Бјарки Мар Елисон.
(фото – Рк Веспрем)📷