Екипата на Веспрем остана без Владимир Цупара, кој од следната сезона ќе настапува за екипата на Динамо Букурешт, па така тимот веднаш најде негова замена.
Станува збор за голманот Игнасио Биоска, кој доаѓа од екипата на Висла Плоцк од Полска. Тој има настапувано и за екипите на Кадетен Шафхаузен и Адемар Леон.

(фото – Рк Веспрем)📷